СОУ„Богданци“ денес се вклучи во одбележувањето на Денот на пролетта и екологијата. Вработените со учениците реализираа низа еколошки акции во кои што сите заеднички активно се вклучија во садење на цвеќиња, чистење и естетското уредување на училишниот ентериер и двор, цртање мурал со пролетни мотиви, изработка на еко-постери и сл.
Целта на сите овие активности е подигање на еколошката свест за значењето на природата, чистата животна средина и екологија.
Благодарност до сите!
Категории
- Документи (3)
- Настани (2)
- Новости (2)
- Огласна Табла (6)
- Успеси (6)