• Име на училиштето
    СОУ „Богданци“ Богданци
  • E-mail
    sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com
  • Web
    www.soubogdanci.edu.mk

Градежно - геодетска струка/градежен техничар

Во 2021 година општината ги воочи потребите на градежниот сектор и нивниот недостиг на квалификуван стручен кадар и како одговор на тоа, беше воведувањето на градежно – геодетската струка. Дека е преземен вистинскиот потег ни кажува бројот на запишани ученици со што беше формирана првата паралелка од оваа струка.

Склучени се 5 меморандуми  со 5 партнер компании.

 

Градежништвото е гранка на инженерство која е одговорна за проектирање, изградба и одржување на големи инфраструктури.

Професијата градежен техничар е една од најважните професии во градежништвото која им  овозможува на учениците да ги запознаат  основите на градежништвото, да учествуваат во изведбата и проектирањето на објекти, патишта, железнички линии, водовод, како и други важни општествени структури, да вршат надзор над изведба на објекти од високоградба и нискоградба и сл.