• Име на училиштето
    СОУ „Богданци“ Богданци
  • E-mail
    sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com
  • Web
    www.soubogdanci.edu.mk

Хронологија на едно постоење ..

1998/1999г.

Тогашниот градоначалник на Општина Богданци г-дин Ѓорѓе Петрушев ја покрена иницијативата за отворање средно училиште во Богданци. На 1-ви септември во нашето училиште влегоа првите 133 ученици на првиот училиштен  час. Се отворија истурени паралелки од гимназија и угостителска струка во составот на гимназијата во Гевгелија.

2006/2007г.

На 9-ти март 2006 година со одлука на Владата на Република Македонија гимназијата во Богданци се осамостои и го доби името СОУ ,,Богданци“ во кое беа опфатени ученици од гимназиско образование и текстилна струка-конфекционер.

 

2009/2010г.

Позитивниот одговор на барањето до Министерството за образование и наука  за сообраќајна струка –техничар за транспорт и шпедиција овозможи во нашето училиште  во оваа струка да се запишат нови 34  ученици.

 

2010/2011г.

Се запиша првата генерација  на ученици во текстилно-кожарска струка четиригодишно образование во образовниот профил конфекциски техничар.

 

2018/2019г.

Се отвори здравствена струка , образовен профил медицинска сестра во која се запишаа 29 ученици.

2021/2022г.

Во СОУ ,,Богданци“ за првпат се запишаа ученици во новата градежно –геодетска струка / градежен техничар.

2019/2020г.

Од страна на Министерството за образование и наука е донесено решение за верификација на Наставниот план и наставната програма во техничкото образование за образовниот профил/квалификација техничар за транспорт и шпедиција од сообраќајна струка/сектор сообраќај, транспорт и складирање и образовниот профил/квалификација техничар за изработка на облека од текстилно-кожарска струка/сектор текстил, кожа и слични производи.

2022/2023г.

Нашето училиште ги отвори вратите за учениците кои се запишаа во две паралелки во новата електро-техничка струка /електротехничар – енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Денес воспитно-образовната работа во СОУ ,,Богданци“ се реализира во:

Гимназиско образование;
текстилно-кожарска струка/сектор текстил, кожа и слични производи – техничар за изработка на облека;
сообраќајна струка/сектор сообраќај, транспорт и складирање – техничар за транспорт и шпедиција;
здравствена струка/сектор здравство и социјална заштита – медицинска сестра;
градежно – геодетската струка/сектор градежништво и геодезија-градежен техничар;
електротехничка струка со образовни профили/квалификации електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар – енергетичар.

На национално ниво кога во повеќето училишта ширум државата бројот на ученици се намалува, ние се гордееме што во последните години имаме постојан пораст на бројот на ученици.

Денес имаме вкупно запишани 332 ученика кои се школуваат во нашето училиште: во гимназиско образование се запишани 33 ученици распоредени во 4 паралелки; во текстилно-кожарска струка/сектор текстил, кожа и слични производи – техничар за изработка на облека се запишани 30 ученици во 4 паралелки; во сообраќајна струка/сектор сообраќај, транспорт и складирање – техничар за транспорт и шпедиција се запишани 103 ученици во 4 паралелки; во здравствена струка/сектор здравство и социјална заштита – медицинска сестра се запишани 84 ученици во 4 паралелки; во градежно – геодетската струка/сектор градежништво и геодезија, 38 ученици во 2 паралелки и во секторот електротехника со образовни профили/квалификации електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар-енергетичар се запишани 44 ученици распоредени во 2 паралелки.