• Име на училиштето
    СОУ „Богданци“ Богданци
  • E-mail
    sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com
  • Web
    www.soubogdanci.edu.mk

Текстил, кожа и слични производи

Една од двете паралелки во кои најпрво се воведе дуалното образование во нашето училиште беше текстилно – кожарската струка во 2021 година. Беа потпишани 6 меморандуми со 6 партнер компании.
Во овој профил учениците имаат можност да изучуваат дизајнирање на облека, подготвување и организација на технолошкиот процес во текстилната индустрија за изработка на облека, контрола и набљудување на продуктот, користење и грижа за машините за шиење, кроење …

 

Да се биде техничар за изработка на облека е исполнета кариерна патека која вклучува внимание кон деталите и уметничкиот израз.
Текстилно кожарската струка нуди можности за искористување на талентот кој ги отвара вратите на модата и уметноста во приватниот и општествениот сектор.