• Име на училиштето
    СОУ „Богданци“ Богданци
  • E-mail
    sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com
  • Web
    www.soubogdanci.edu.mk

ДИРЕКТОР

СОУ
БОГДАНЦИ

РОСИЦА ШАБАНОВА

Директорот како раководен орган има чест да раководи со училиштето и огромна одговорност која ја носи таа функција. Желбата за да се одговори со успех на таквиот предизвик е неговата улога во креирањето и реализирањето на воспитно-образовните задачи и развојната политика на училиштето. Тој е одговорен за законитоста во работењето на училиштето, се грижи за статусот и положбата на вработените, ја организира и ја раководи воспитно-образовната работа, донесува одлуки и ја претставува институцијата пред други лица или институции. Покрај трудот што го вложува во создавање на еден прекрасен дом на секој што ќе влезе во него, започнувајќи од ученици, родители и вработени, директорот создава една пријатна училишна клима и се насочува кон подобрување на условите за работа, преку вложувања во инфраструктура, во наставно-образовни погала, како и во опремување.

Комплексноста на функцијата директор на едно успешно училиште како што е СОУ „Богданци“ е повикана, но и одоговорна задача која во обемот на работата бара професионалност, знаење и разбирање на организациските вештини, следење на националните и локални политики на образованието; изнаоѓање начини како се гради, споделува и остварува заедничката визија за развојот на училиштето врз основа на знаењата на најдобрите национални и светски практики и каде на прв план е ученикот, неговото учење и благосостојба.

 

Нашето училиште 25 години потврдено се вбројува меѓу училиштата што се успешни. Посветеноста и професионалноста кон работните задачи е резултат на добрата организираност на работата, одговорниот и професионален пристап на наставниот кадар при реализација на воспитно – образовните цели кој максимално се вложува да ги развие потенцијалите на учениците и ја оствари основната цел. Во СОУ „Богданци“ секој се чувствува добредојдено. Темелот на нашата работа е почитување на човековите права, свесноста за различностите меѓу учениците и нивните родители кои подеднакво се прифатени од сите структури на училиштето: директор, вработени. Професионалноста во работењето се потврдува и со почитување на сите законски норми, конвенции и документи за недискриминација и социјална правда.

 

Денес СОУ „Богданци“ е … 

 

Училиште што ги следи промените и работи на унапредувањето на животот. Училиште коешто е насочено кон негување на визијата за современа настава и учење во 21 век. Во него чекорат докажани луѓе, зад себе со успеси и постигања, искрено посветени на својата работа чија животна цел е да го освојат и го освојуваат светот.
Преку низа успешни проекти што се реализираа во текот на изминатите години наставниот кадар и учениците ја имаа привилегијата да му се приклучат на современото општество.

Училиштето има капацитет и оправданост да го носи знакот на квалитет во својата област при реализација на наставата во нормални услови, како и во услови на пандемија со КОВИД -19 и учење од далечина.

Нудиме гимназиско и стручно образование.

 

Од стручното успешно реализираме наставни програми од текстилно-кожарска струка, воведена во 2006 год, сообраќајна струка од 2010, а во учебната 2021/2022 година за првпат излезе и првата генерација медицински сестри запишани во здравствената струка во учебната 2018/2019 год.

Како училиште успешно ги препознаваме и ги следиме потребите на пазарот на труд и воведуваме подрачја и образовни профили кои можат да им обезбедат иднина на новите генерации, за што говори и бројот на ученици кој во последните години е во постојан пораст и денес во нашето училиште се школуваат 332 ученика.

Од учебната 2021/2022 година се вклучивме во процесот на унапредување на средното стручно образование воведувајќи една дуална паралелка градежно –геодетска струка / градежен техничар за првпат во овој сектор.
Во учебната 2022/2023 нашето училиште ги отвори вратите за учениците кои се запишаа во две паралелки во новата електротехничка струка / електротехничар – енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

СОУ „Богданци“ денес е почитуван и респектиран партнер во заедницата. Градиме силен партнерски однос со бизнис секторот, и само во последниве неколку години имаме склучено меморандуми за деловна соработка со повеќе од дваесетина компании-наши партнери кои изразија желба и подготвеност да се вклучат во образовниот процес, давајќи ни поддршка во доменот на практичното образование.
Ја користам приликата јавно да им се заблагодарам!

Успехот на секое училиште е мерлив по тоа колку се успешни неговите ученици и врабоетни. Секоја диплома, секое работно место, напредок во кариерата, но и заработена пензија се показатели на неговиот успех.
Ми претставува особена чест што сум дел од ова училиште. Денес славиме спомен на едно време, кое е препознатливо по неговата автентичност, оригиналност, идентитет и историја!

Ви Благодарам!