-
Име на училиштето
СОУ „Богданци“ Богданци -
E-mail
sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com -
Web
www.soubogdanci.edu.mk
Гимназиското образование е значаен дел од структурата на средното образование во нашата земја (нашето училиште). Наставниот план за гимназиско образование го сочинуваат задолжителни и изборни предмети.
Задолжителните предмети опфаќаат содржини од современото општо образование и се заеднички и задолжителни за сите ученици во гимназиското образование.
Изборните предмети се групирани во две изборни подрачја природно – математичко и општествено – хуманистичко подрачје.
Ученикот од двете изборни подрачја што му ги нуди училиштето се определува за едно изборно подрачје и соодветната комбинација.
1. Природно – математичко подрачје, комбинација А и Б
2. Општествено – хуманистичко подрачје, комбинација А и Б
Стручното образование е одличен избор за оние ученици кои сакаат нешто што е практично и применливо во реалниот живот. Оние кои ќе се определат за средно стручно образование треба да бидат подготвени дека покрај тоа што ќе усвојуваат нови знаења на часовите по практична настава ќе треба и практично да го применуваат наученото.
Што е дуално образование?
Системот на дуално образование е еден вид партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Тоа е единствен образовен систем кој сам по себе е интересен за младите бидејќи обезбедува повеќе практична обука наместо изучување теорија. Дуалното образование претставува успешен начин младите да стекнат применливи знаења, соодветни вештини и можност полесно да се вработат. Концептот на дуалното образование нуди можност за стипендирање на учениците во текот на нивното образование.