-
Име на училиштето
СОУ „Богданци“ Богданци -
E-mail
sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com -
Web
www.soubogdanci.edu.mk
Училиштето им овозможува на учениците да ги истражат своите знаења и да успеат во широк спектар на академски предмети, од добро опремени училници до научни и компјутерски лаборатории.
“” Учењето е животно патување на раст и откривање на твојот вистински потенцијал “”
Нашите ученици Магдалена Спасовска и Илија Роглев во периодот од 17- 21 јуни присуствуваат на Средношколски камп за медиумска писменост во хотел ,,Изгрев" во Струга.
На Конкурсот за средношколски есеи распишан од Меѓународниот Славјански Универзитет нашата ученичката Тамара Стојанова под менторство на наставникот Соња Србова ја освои Втората награда, Сребрена плакета.
Ученичките Асима Салија и Сања Кочева од Текстилно - кожарската струка под менторство на професорките Весна Ристовска и Ирена Бојмалиев учествуваа на ревија во Битола со два модела на тема црно- бело вечерен коктел фустан.
Денес (31.05.2023) на нашата ученичката Божица Јакимова, Државен ПРВАК по Филозофија и нејзиниот ментор, наставник Ристо Живковиќ им беа доделени дипломи и награди во Кинотека на Република Северна Македонија.
На ден 26.05.2023 година во Гевгелија се одржа општинскиот натпревар по прва помош за 2023 год. Тимот од СОУ ,, Богданци" од трета година здравствена струка, образовен профил медицинска сестра го освои првото место.