
Педагошко-психолошка служба
Во изминативе години, стручната служба во училиштето функционираше со еден стручен соработник-училишниот психолог, а од учебната 2021/2022 г. работата на стручната служба е надополнета со уште еден стручен соработник, училишниот педагог.
Стручната служба има важен придонес во унапредување на воспитно-образовната работа и поттикнување и создавање на позитивна, стимулативна и безбедна средина која ќе овозможи оптимални услови за учење и развој на учениците.
Андријана Тренчовска – педагог | Валентина Манолева – психолог.
Работата на стручната служба е мошне динамична, а работните задачи ги реализираат во рамки на седум подрачја:
⦁ Работа со ученици;
⦁ Работа со наставници;
⦁ Работа со родители;
⦁ Соработка со локалната заедница;
⦁ Професионален развој и соработка;
⦁ Аналитичко-истражувачка работа;
⦁ Училишна клима, структура и организација;
Да се работи со нашите ученици, генерации на млади луѓе е вистински предизвик, но и одговорност и посветеност. Како членови во повеќето училишни тимови и проекти од страна на училишниот психолог и педагог во соработка со професорката по Граѓанско образование се одбележуваат важни настани и се реализираат низа едукативни активности-работилници, предавања, изработка на информативно-едукативни материјали во доменот на превенција од насилно однесување, безбедно и одговорно однесување на интернет, конструктивно решавање на конфликти, превенција од трговија со луѓе, превенција од злоупотреба на психо-активни супстанции, превенција од хив/сида, промовирање и заштита на човековите права, заштита на животната средина.
Под менторство на училишниот психолог и педагог и наставничката по Граѓанско образование во училиштето се реализираше проектот „Ученички иницијативи“ организиран од Македонски центар за граѓанско образование во соработка со Центар за средно стручно образование и обука.
На иницијатива на учениците во нашето училиште се реализираa активности од хуманитарен карактер и активности за подигање на свеста за грижа и заштита на животната средина.За успешната реализација на активностите од овој проект, училиштето беше наградено со лаптоп и ЛЦД проектор.
Реализацијата на ваквите иницијативи и активности овозможуваат демократско учество на учениците во училишниот живот, тимска работа и меѓусебна соработка, одговорност и можност учениците како важни субјекти да поттикнат позитивни промени во училиштето и пошироката заедница.
СЕКРЕТАР И СМЕТКОВОДИТЕЛ ВО УЧИЛИШТЕТО

Административната служба има одговорна задача во училиштето. Тие се одговорни за нормативно правниот аспект и административно-финансиските работи во училиштето. Се залагаат за максимално функционирање на институцијата и заедно со директорот учествуваат во креирање на политиките за развој на училиштето и спроведување на предвидените активности во насока на подобрување на условите за создавање на современа институција.
Славе Танов – секартар | Пандорка Ампова – сметководител
СЕКРЕТАР И СМЕТКОВОДИТЕЛ ВО УЧИЛИШТЕТО
За одржување на хигиената во училиштето задолжен е хигиенско-техничкиот персонал.
Име и презиме | Работно место |
Ѓорги Прчев | Хаус мајстор |
Миле Џалев | Хигиеничар |
Душко Стамков | Хигиеничар |
Јасмина Јовановиќ | Хигиеничар |
Снежана Гогова | Хигиеничар |
