• Име на училиштето
    СОУ „Богданци“ Богданци
  • E-mail
    sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com
  • Web
    www.soubogdanci.edu.mk

Електротехничка струка – електротехничар енергетичар/електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Водејќи се од позитивните практики од концептот на дуалното образование, од учебната 2022/23 година се воведе и нова електротехничка струка, профил енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Училиштето има потпишано 6 меморандуми со 6 партнер компании.

 

Отворањето на оваа струка предизвика голем интерес како кај учениците во нашата општина, така и во соседните, така што  тоа беа формирани 2 паралелки.

 

Електротехничката струка е насока која образува техничари за работа со хардвер и софтвер, односно техничари кои се занимаваат со одржување на електрониката на самиот компјутер. Денес се живее во време на експанзија на информатичката технологија и компјутерите кои наоѓаат примена во сите општествени дејности, па затоа, ова занимање е многу атрактивно и можностите за вработување се големи.

 

Електротехничар – енергетичар е насока во чии рамки се образуваат стручни кадри  потребни за работа во областа на производство и дистрибуција на електрична енергија.

 

Открива дефекти и врши интервенции од електрична и неелектрична природа на електрични инсталации и осветлување, контролира и анализира параметри и податоци добиени од мерни инструменти заради управување и регулирање во електро – енергетиката, управува, контролира и одржува електрични централи, електроенергетски постројки и електромоторни погони, изведува операции на високонапонски и нисконапонски електроенергетски мрежи …