-
Име на училиштето
СОУ „Богданци“ Богданци -
E-mail
sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com -
Web
www.soubogdanci.edu.mk
Во овој профил учениците ги изучуваат најновите технологии кои се применуваат во патниот, железничкиот, водниот и воздушниот транспорт при превоз на стоки и патници.
Техничар за транспорт и шпедиција може да работи на планирање, организација и контрола на транспортот на стока во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, во складиштата на патните товарни терминали и претпријатија, шпедитерски организации, стоково – транспортни центри, стокови терминали, контејнерски терминали и други логистички центри.
Во 2022/23 и сообраќајната струка стана дел од дуалниот концепт и потпиша 15 меморандуми со 15 партнер компании.
Со оглед на тоа што нашата општина граничи со јужниот сосед се отвараат можности за лоцирање на стопански капацитети кои бараат голем транспорт на суровини и готови производи. Како резултат на ова сѐ повеќе компании во нашата општина се регистрирани како транспортни компании и работните места кои ги нудат тие се особено атрактивни помеѓу младите со што се повеќе ученици донесуваат одлука (покажуваат интерес) да го продолжат своето образование во сообраќајната струка.
Како одговор на потребите на стопанството и локалниот пазар на труд, а воедно и дефицитот на стручни работници во одредени компании се јавува реална потреба од стручен кадар посебно во областа на патниот сообраќај.