• Име на училиштето
    СОУ „Богданци“ Богданци
  • E-mail
    sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com
  • Web
    www.soubogdanci.edu.mk
На распишаниот конкурс на Сојузот на друштвата за Македонски јазик и литература на Република Македонија за најдобар есеј за сите редовни ученици од средното образование, учениците од СОУ „Богданци“ освоија две вредни награди.
Билјана Дуева, ученичка од втора година, го освои првото место на наградниот конкурс на тема Интимното и универзалното во поезијата на Ацо Шопов, додека ученичката Софија Енџекчева беше втора на конкурсот на темата Што направивме со идејата на Крсте Петков Мисирков за македонскиот литературен јазик и што треба да направиме за македонскиот јазик во иднина.
И двете ученички се натпреваруваа под менторство на професорката Верица Ризовска.

Leave a Reply