-
Име на училиштето
СОУ „Богданци“ Богданци -
E-mail
sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com -
Web
www.soubogdanci.edu.mk
На 03 мај 2023 год.во Спортската сала ,,Јасмин"во Кавадарци,се одржа Државното првенство во ракомет(м) за средни училишта, организиран од Федерација на училишен спорт на Македонија(ФУСМК) На завршниот турнир на кој учествуваа домаќинот СОУ,,Добри Даскалов"-Кавадарци,ДУФК,,Методија Митевски-Брицо"-Скопје и СОУ,,Богданци"-Богданци,нашето училиште го освои 1 место.
СОУ„Богданци“ Богданци учествуваше на 40-тите Државни натпревари на електротехничките,машинските и сообраќајните средни училишта на Република Северна Македонија и беше претставувано од ученичката Ивана Стојанова - од трета година од профилот техничар за транспорт и шпедиција под менторство на професорите Магда Демерџиева, Марија Ѓавочанова и Слободан Дуев на кој ученичката освои шесто место. Честитки до ученичката и менторите!
Посветеноста и квалитетот се единство на нашиот заеднички постигнат успех! 📌 Резултати од Образовно рандеву 2023 во Гостивар со учество на околу 50 Средни училишта 🥈ВТОРО МЕСТО- Интервју за работа на македонски јазик 🥈 ВТОРО МЕСТО- Маркетинг план 🥈 ВТОРО МЕСТО- Најдобра модна ревија 🥉 ТРЕТО МЕСТО- Најдобар штанд
Во Скоје се одржа Државниот натпревар по англиски јазик ЕЛТАМ, каде под менторство на професорите Благица Прочкова и Рисана Тасева учество земаа учениците Софија Енџекчева и Борјан Ѓошиќ. Честитки на учениците и професорите за учеството и освоените 9-то место за Софија и 18-то место за Борјан.
Денес на нашата ученичката Божица Јакимова, Државен ПРВАК по Филозофија и нејзиниот ментор, наставник Ристо Живковиќ им беа доделени дипломи и награди во Кинотека на Република Северна Македонија.
Државен натпревар за најдобар есеј 2023 - Сојуз на ДМЈЛ на Македонија. 🥇Билјана Дуева- Диплома за прво место Ментор: Верица Ризовска 🥈Софија Енџекчева- Диплома за второ место Ментор: Верица Ризовска
На 5 април 2023год. во средношколската сала во Богданци е одигран пријателски натпревар во одбојка(женски) помеѓу СОУ,,Богданци“и СОУ,,Јосиф Јосифовски“-Гевгелија Ова е продолжение на претходно започнатата соработка на спортски план помеѓу двете средни училишта преку одигрување на натпревари во одбојка и афирмација на овој интересен спорт.
На Регоналниот натпревар по англиски јазик ЕЛТАМ, учениците Софија Енџекчева и Борјан Ѓошиќ под менторство на професорите Благица Прочкова и Рисана Тасева го освоија второто место и се здобија со пласман за учество на Државниот натпревар кој ќе се оддржи на 06.05.2023. Честитки за учениците и менторите.
На одржаниот натпревар Интервју за работа на англиски јазик на кој учествуваа 20 ученика највисоки резултати постигна ученичката Викторија Поп-Тошева која ќе учествува на Образовното рандеву 2023 под менторство на проф. Благица Прочкова.
Одржан училиштен натпревар по стручни предмети во Сообраќајната струка. На натпреварот учествуваа учениците: Теодора Сапламаева, Александара Јовановска, Томе Кочев и Ивана Стојанова, под менторство на професорите Магда Демерџиева, Марија Ѓавочанова и Слободан Дуев. Ученичката Ивана Стојанова освои најмногу поени и продолжува на Регионален натпревар.
Се одржа Државен натпревар по предметот Филозофија, во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје. Нашата ученичка Божица Јакимова под менторство на професорот Ристо Живковиќ, освои Прво место на натпреварот и се пласираше за учество на Олимпијада во Грција. Честитки за успехот!
На одржаниот Општински натпревар ЕЛТАМ, ученици кои постигнаа солидни резултати и продолжуваат на Регионален натпревар се: Софија Енџекчева, Андреа Џалева, Мартина Станчева и Борјан Ѓошиќ, под менторство на професорите: Благица Прочкова, Рисана Тасева и Милица Ампова.
Одржан Регионален натпревар по стручни предмети од профилот Техничар за транспорт и шпедиција во Сообраќајната струка. На натпреварот учествуваше ученичката Ивана Стојанова, под менторство на професорите Марија Ѓавочанова, Магда Демерџиева и Слободан Дуев. Ученичката Ивана Стојанова освои второ место на Регионалниот натпревар во ССОУ Коле Неделковски - Велес и продолжува на Државниот натпревар во Охрид.
Во Радовиш на неутрален терен се одржа Регионален турнир во ракомет(м) за средни училишта,во рамки на натпревари од Федерација на училишен спорт(ФУСМК). На турнирот учествуваа најдобрите четири средни училишта од источен регион. Првото место го освои нашето училиште и ќе учествува на Државно првенство(најдобри три средни училишта ) За екипата на СОУ,,Богданци"настапија учениците: Антонио Николовски,Ѓорѓе Атанасов,Стамен Гогов,Илија Роглев,Леон Котев,Ѓорѓе Ѓуриќ,Марко Михајловиќ,Ефе Идризов(г),Васил Демерџиев(г),Мартин Прчев,Душан Каркалашев,Стојанче Наумовски и браќата Тодор и Димитар Узунчеви.
Се одржа општински натпревар по предметот филозофија
Победник на училишниот турнир во футсал е класот/екипата на IV-4(сообраќајна струка) За победничката екипа играа учениците:Ристе Картелов, Иван Брљамов(г) , Димитар Делиџаков, Душан Каркалашев, Стојанче Наумовски и Ѓорге Зифовски
Се одржа општински натпревар по математика на кој учествуваа ученици од прва година: Јована Николиќ, Катерина Ѓоргевиќ и Леа Роман; трета година: Мартина Станчева и Наде Упчева. Втора награда добија учениците: Јована Николиќ, Катерина Ѓоргевиќ и Леа Роман, а со тоа се стекнаа со право на учество на регионален натпревар. Пофалници добија учениците: Мартина Станчева и Наде Упчева. Учениците се под менторство на проф. Дијана Узунова и проф. Марија Бојкова.
Се оддржа општински натпревар по Хемија во ООУ „Петар Мусев“ каде што присуствувавме од I година под менторство на Фиданка Енџекчева и Мистра Митев.
Се оддржа училиштен натпревар по информатика На кој учествуваше ученикот Стефан Караиванов од I-7 клас, под менторство на професорот Богомил Марков. Стефан продолжува на регионален натпревар, му посакуваме многу успех!