-
Име на училиштето
СОУ „Богданци“ Богданци -
E-mail
sou_bogdanci_bogdanci@yahoo.com -
Web
www.soubogdanci.edu.mk
Компанијата ЕВН Македонија во СОУ "Богданци" одржа работилница со учениците од прва година запишани во образовен профил елетротехничар преку која : компанијата се претстави пред учениците, објасни за големата потреба од насоката енергетичар во нивната компанија , ги запозна со работата во Корисничките Енерго Центри.
Од страна на психологот, педагогот и професорката по социологија со учениците од I година во нашето училиште се одржаа работилници на тема ,,Стилови на комуникација" со посебен акцент на асертивната комуникација и примената на ,,јас пораки".
Да се танцува заедно со својата генерација, со своите соученици, за секој претставува настан кој се памети цел живот. Матурантите од СОУ„Богданци“ го одиграа матурскиот танц квадрил, кој за првпат се организира во нашата општина.
Вчера училишниот психолог и педагог заедно со тим од ученици беа дел од дебата на Филозофскиот факултет во Скопје посветена на безбедноста во училиштата, на која присуствуваше и Министерот за образование. Преку дискусија и јавна дебата тие имаа можност да се вклучат во истата искажувајки ги свои мислења и ставови на конкретната тема.
Во училишниот двор на СОУ „Богданци“ се одржа Отворен ден на училиштето. Во посета беа Градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов, пратеничката Драгица Ѓавочанова како и ученици, наставници и директори од ООУ„Петар Мусев“ , ООУ„Кирил и Методиј“, ООУ„Кочо Рацин“ и ООУ„Ристо Шуклев“.
Изведена показна вежба за заштита од пожари. Голема благодарност до ТППЕ Гевгелија, ДЗС-подрачно одделение Гевгелија, РЦУК-Гевгелија, Општина Богданци, ученици и наставници од здравствената струка, како и до сите останати ученици и вработени во СОУ„Богданци“ – Богданци.
Ученичките Асима Салија и Сања Кочева од Текстилно - кожарската струка под менторство на професорките Весна Ристовска и Ирена Бојмалиев учествуваа на ревија во Битола со два модела на тема црно- бело вечерен коктел фустан.
Петдневната програма предвидува предавања за новинарска и медиумска продукција, работилница за справување со врсничко насилство, предавање за вештачка интелигенција, ефикасна употреба на социјалните медиуми, како и продукција и работа на терен.
Во Домот на култура „Бранд Петрушев“- Богданци, Општина Богданци и СОУ „Богданци“, организираа настан, „Учи паметно работи стручно“ поддржан од Министерството за образование и наука.
Посета на нашето училиште од учениците на ОУ ,,Петар Мусев". Посетата беше дел од наставните планови по предметот Вештини на живеење кој го предава наставникот Љупчо Стојков и темите за текстилни материјали, шиење, плетење и кроење.
Вчера во работна посета на нашето училиште беа наставници и ученици од здравствената струка при СОУУД „Димитар Влахов“ - Струмица. При оваа посета учениците и наставниците од двете училишта имаа можност да разменат искуства од областа на струката, заеднички да се дружат и да градат нови пријателства.
Во чест на Денот на математиката, на 14 март, се одржа Математички хепенинг - ,,Ден на бројот ПИ". Настанот беше организиран на ниво на општина Богданци, во основното училиште ООУ ,,Петар Мусев". Учество зедоа нашите ученици Мартина Станчева, Зорица Цилева и Наде Упчева во категорија ,,Бројот ПИ во кујна".
Предметниот наставник при електротехничката струка- профил енергетичар, Сара Џекова присуствуваше на денешната работилница организирана од страна на ЕВН Македонија. Целта е да се надградат знаењата и да се презентираат содржините и алатките кои ги користи компанијата ЕВН за професионални тренинзи, обука и развој на електромонтерите.
СОУ „Богданци“ Богданци во соработка со Општина Богданци, го одбележува Светскиот ден на здравјето, каде што учениците од здравствената струка заедно со нивните наставници/лекари ќе вршат мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, пулс, телесна температура и абдоминална циркумференција.
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНA КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО БОГДАНЦИ🩸 Црвен крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина спроведе уште една успешна крводарителска акција во СОУ "БОГДАНЦИ"- Богданци.